Седлоски ќе може да направи осум замени за време на утрешниот меч против Ирска!

by riste
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 20:45 часот игра натпревар против Ирска кој нема резултатско значење и е квалификуван како пријателски.

Според новото правило на ФИФА, на пријателските натпревари е дозволено да се направат до осум замени, наместо пет како што беше досега.

Осумте замени можат да бидат направени во три прозорци, односно три прекини на играта, несметајќи го полувремето. Правило кое е идентично како и при пет замени.

Во правилата стои и дека доколку двете репрезентации постигнат договор по натпреварот, може да се направат и 11 замени, но тоа нема да биде случај на мечот меѓу Ирска и Македонија.

Гоце Седлоски ќе може да направи осум замени во текот на мечот, што значи дека вкупно 19 фудбалери на Македонија ќе може да заиграат утре против Ирска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×