Седлоски: Играчите се мотивирани, ќе го дадеме максимумот против Копенхаген

by
1 минути читање

Шампионот на Данска важи за фаворит, но „Црвено-црните“ веруваат дека можат до добар резултат со помош на публиката.

„Утре ќе биде прво полувреме, првите 90 минути против Копенхаген“ – рече тренерот на Вардар, Гоце Седлоски на денешната прес конференција.

„Се работи за доста квалитетен противник кој секоја година игра во Лигата на шампионите или Лига Европа“.

„Добро го анализравме Копенхаген, знаеме што не чека“.

„Целта е да одиграме со повисоко темпо во споредба со дуелите со Малме, и со помош на публиката да стигнеме до позитивен резултат.“

„Момците се спремни да дадат се од себе, очекувам да ги исполнат задачите и уште еднаш да одиграат со срце“.

„Знам дека сите се подготвени да го дадат максимумот и да направат добар резултат пред реваншот во гости. Би било одлично да го зачуваме нашиот гол, знаеме дека гол на гости значи како два. Ние на секој натпревар одиме на победа, па така ќе биде и против Копенхаген“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани