Според
информациите кои се објавени на официјалниот клупски сајт на Вардар, се вели
дека шефот на стручниот штаб на клубот, Гоце Седлоски првата прозивка за
стартот на летните подготовки ќе ги одржи в среда на 14. јуни.
Првиот тренинг „Вардарци“
ќе го имаат на тренинг кампот на клубот, додека пак екипата останува во Скопје
се до 18. јуни, по што е планирано заминување на подготовки во Австрија, во Бад
Татцмансдорф, каде веќе трета сезона по ред „црвено-црните“ ќе ги обават
летните подготовки.
Програмата вели
дека екипата се враќа во Скопје на 2. јули, по што следат подготовки за
настапот во квалификациите за Лигата на шампионите, противникот го дознаваат по
ждребката во Нион, предвидена на 19. јуни.
Од македонскиот
шампион засега не откриваат кои ќе бидат противниците на фудбалерите на Вардар
на неколкуте планирани меѓународни пријателски натпревари кои ќе бидат одиграни
во Австрија.
Извор/Фото:
fkvardar.mk