Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за настап во баражот на Светското првенство и дуелот со Данска во Копенхаген.
Пред натпреварот со скандинавскиот ривал селекторот Гоце Седлоски го објави својот прв список. Новиот предводник на Македонија ќе ја започне авантурата на клупата со многу тешка мисија, а во составот направи одредени промени.
Новитети во репрезентацијата се натурализираниот бек Себастијан Херера, Дани Мусовски од МЛС лигата и Имран Фетаи од Шкендија. Од друга страна, повратници во тимот се Бобан Николов и Љупче Дориев.
Македонија ќе се собере в понеделник, а натпреварот против Данците е закажан в четврток на 26 март во 20:45 часот.