Седлоски дочека дел од тимот, Македонија се собра во Скопје

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација започна ново поглавје со Гоце Седлоски на селекторската позиција, откако денеска беше одржан првиот собир пред претстојните предизвици.

Новиот предводник на националниот тим се сретна со фудбалерите кои пристигнаа порано во базата, при што стартуваа подготовките за клучниот натпревар што следи. Дел од репрезентативците сè уште имаат обврски во своите клубовите, па комплетирањето на составот се очекува во текот на утрешниот ден.

Собирот се одржа во хотелот „Хилтон“ во Скопје, каде што селекцијата ќе има краток престој пред заминувањето за Данска. Таму Македонија ја очекува дуел со домашната селекција во Копенхаген, натпревар кој ќе се игра в четврток во рамки на полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×