178
„Каталонците“ попладнево брифираа дека Роберт Левандовски се вратил повреден од должност со Полска, напаѓачот ќе паузира најмалку еден месец и ќе го пропушти дербито против Реал Мадрид.
Квалификациите за Светското првенство донесоа нови проблеми за Ханси Флик и Барселона.
Дани Олмо се повреди на должност со Шпанија, а утрово слична судбина го снајде и Феран Торес, кој поради повреда нема вечерва да игра против Грузија.
Попладнево пристигна и информација за повреда на Роберт Левандовски, кој на должност со Полска го скинал мускулот на задната ложа на левата нога.
Напаѓачот ќе паузира најмалку еден месец и ќе го пропушти дербито против Реал Мадрид и „Ел Класико“ пресметката.