Продолжуваат главоболките за Ханси Флик, тренерот на Барса остана и без Рафиња и без голманот Жоан Гарсија.
Лоши вести за „каталонците“ по триумфот над Овиедо, се повредија нови двајца клучни играчи.
Рафиња уште синоќа при замената сугерираше дека чувстува нешто во ногата, а деталните тестови покажале повреда на задната ложа.
Се шпекулира дека Бразилецот ќе паузира две до три недели, и ќе се врати дури по паузата за настап на репрезентациите во октомври.
Повреда има и голманот Жоан Гарсија, кој исто така ќе ги пропушти следните три натпревари – против Реал Сосиедад, ПСЖ и Севиља – и се очекува да се врати во тимот по паузата.
Барселона од претходно ги загуби Фермин Лопез и Гави, а малку добри вести се тоа што Ламин Јамал и Алехандро Балде се пред враќање во тимот.