Се вжештува трката за топ 4 во Серија А, Лацио ја продолжи кризата на Аталанта (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Лацио

Лацио со 0-1 славеше на гостувањето во Бергамо и ја продлабочи кризата на Аталанта, Исаксен е херојот на „бјанкочелестите“.

Се вжештува трката за топ 4 во Серија А, Лацио дојде на 55 бода откако вечерва со 0-1 славеше против Аталанта.

„Црно-сините“ од Бергамо се во криза откако врзаа три порази без притоа да дадат гол, па наместо да се борат за титулата, главен приоритет ќе им биде местата во Лигата на шампиони.

Херој на „бјанкочелестите“ е Исаксен, кој по десетина минути игра во вториот дел погоди за 0-1 и важни три бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани