Се врати од пензија за да игра за нацијата бараж за СП, селекторот не го повика – а сега навивач за ривалот! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекторот на фудбалската репрезентација на Боливија, Оскар Виљегас, објави список од 28 фудбалери за интерконтиненталниот бараж за пласман на Светското првенство 2026, но на него го нема легендарниот напаѓач Марсело Морено.

38-годишниот голгетер, кој неодамна се врати на терените во дресот на Ориенте Петролеро, остана без повик бидејќи селекторот реши предност да им даде на играчите кои имале поголем континуитет во текот на квалификациите.

Морено реагираше на социјалните мрежи и иронично му даде поддршка на ривалот на Боливија во баражот: „Ајде Суринам“, напиша искусниот напаѓач. Морено ја заврши репрезентативната кариера како рекордер на Боливија со 108 настапи и 38 голови. Тој е најдобриот фудбалер во историјата на тамошниот фудбал.

Боливија во квалификациите заврши на седмото место со 20 бода и преку баражот ќе се обиде да обезбеди прв настап на мундијал по 1994 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×