Се враќаат ли Италијанците на своите „корени“?

by 24 фудбал
1 минути читање

Напаѓачите во Серија А имаа црн викенд. Седмото коло од италијанското првенство ќе остане запаметено како најнеефикасно во историјата на лигата откако во сезоната 2004/2005 бројот на клубови беше зголемен на 20.

Во десетте одиграни натпревари беа постигнати само 11 гола, што е просек од едвај 1,1 погодок по меч. Претходниот негативен рекорд беше 13 гола, а тоа се случи двапати во сезоните 2004/2005 и 2022/2023.

Дури пет натпревари завршија без голови, а дуелот меѓу Милан и Фиорентина, кој заврши 2-1, беше најефикасен во целото коло. Оваа рунда во калчото потсети на старото време кога во Италија се играше ултра-дефанзивен фудбал и популарното „катанаџо“.

Оваа бројка е толку слаба што само во далечните сезони кога Серија А броеше 16 екипи, како во 1968/69 и 1979/80, имало коло со помалку голови тогаш беа постигнати само шест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×