Откако ги
предводеше „Кариоките“ на СП во Бразил 2014 како капитен на тимот, 32. Годишниот
дефанзивец од редовите на Париз Сент Жермен, Тијаго Силва го загуби значењето
во националниот тим откако Дунга беше промовиран во селектор на местото на Луис
Фелипе Сколари.
Токму Силва е
најавен за капитен на Бразил за утрешната пријателска средба со Аргентина,
после цели две години тој се враќа во тимот.
„Секогаш е голема
чест да се носи овој дрес, ми недостигаше, се враќам многу поискусен, но со
исти намери и желби“ истакна Силва во пресрет на дуелот со Аргентина.
Селекторот на
Бразил, Тите веќе го објави почетниот состав на својата репрезентација во мега
пресметката: Вевертон, Фагнер, Тијаго Силва, Жил, Филипе Луис; Фернандињо; Паулињо, Ренато Аугусто, Филипе Кутињо, Вилијан;
Габриел Жезус.
Графички приказ:
goal.com
Вреди да се
издвои дека на спротивната страна, деби на селекторската клупа ќе има Хорхе
Сампаоли.
Утрешниот дуел
помеѓу овие две селекции ќе биде 108. досега, Бразил води во меѓусебниот скор со
својот голем ривал со 46 победи, 23 средби завршиле нерешено, додека Аргентина
славеше на 38 натпревари.
Натпреварот
помеѓу Бразил и Аргентина стартува со почеток од 12 часот и 5 минути.