Се стравува дека може да има и други фудбалери на Јувентус заразени од коронавирус (ФОТО)

by
0 минути читање

Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани има коронавирус. Поради неговиот случај сите фудбалери на Јувентус и Интер ќе бидат во изолација.

На фудбалерите на Јувентус се очекува да им бидат направени и тестови со цел да се види дали некој од нив се заразил од Ругани.

А шансите за тоа не се мали. На социјалните мрежи главна е фотографијата од соблекувалната на Јувентус по победата над Интер во неделата.

Сите фудбалери, вклучувајќи го и Ругани славеа во соблекувалната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×