Душан Тадиќ долго време калкулираше околу следниот чекор во кариерата по заминувањето од Фенербахче.
Според последните информации од Србија, српскиот ас ја прифатил понудата од Атлетико Мадрид што претставува изненадувачки избор.
Црвена Звезда испрати богата понуда, а интерес покажуваа и клубови од Швајцарија и Грција. Сепак, како што пренесува „Телеграф“, Тадиќ се одлучил за шпанскиот гигант веднаш откако ја добил понудата.
Атлетико е во потрага по ново крило откако Анхел Кореа го напушти тимот. Симеоне сака искусен играч кој може да влезе во ротација и да донесе квалитет. Тадиќ гледа нова шанса за настапи на врвно ниво и ќе се обиде да се наметне во битката за трофеи во Ла Лига и Лигата на шампионите.
Фото: Fenerbahce/Twitter