167
Се поизвесно е дека Герет Бејл ќе остане во Реал Мадрид, тоа го прифати и Зинедин Зидан кој претходно велеше дека најдобро за сите е Велшанецот да замине што побрзо.
„Се чинеше дека Бејл ќе си оди, но останува со нас. Работите се променија. Ќе сметам на него исто како и на другите“, потврди Зидан.
„Ќе сметам на играчите кои се тука. Тој има свое место, важен играч за нас е и се надевам сите фудбалери ќе бидат на високо ниво со што ќе ми ја отежнат работата околу изборот на првиот тим“.
Реал Мадрид утре на гостински терен кај Селта ја почнува новата сезона во Примера.