Изгледаше неверојатно но според „Еспорте Интеративо“ се случува најголемиот трансфер во фудбалот, Нејмар за 222 милиони евра од Барселона се сели во ПСЖ.
Синоќа излегоа информациите дека ПСЖ е подготвен да ја плати високата откупна клаузула, по што одговор се чекаше само од Нејмар.
Бразилскиот медиум сега тврди дека има ексклузивна информација, Нејмар му кажал ДА на ПСЖ.
EXCLUSIVO! @neymarjr aceitou a proposta do @PSG_inside e deve ser anunciado nas próximas semanas! A informação é do nosso @marcelobechler! pic.twitter.com/xua4AN4WK6
— Esporte Interativo (@Esp_Interativo) July 18, 2017
Ваквата вест силно одекна во фудбалскиот свет, па наскоро се очекува и официјална потврда од некоја од страните дали Нејмар навистина ќе замине во ПСЖ или се работи за дезинформација.
Ако се случи овој трансфер тоа ќе биде убедливо најскапиот во историјата на фудбалот, двојно повеќе од оној на Погба во Манчестер јунајтед