Бундеслигата донесе големо изненадување, откако Баерн Минхен на свој терен беше поразен од Аугсбург со 1-2 во рамки на 19. коло.
Баварците поведоа преку Хироки Ито во 23. минута, но гостите во второто полувреме направија целосен пресврт со головите на Артур Чавес и Хан Ноа Масенго во финишот од средбата. И покрај првиот пораз сезонава, Баерн останува сигурен лидер на табелата.
РБ Лајпциг без проблеми славеше на гостувањето кај Хајденхајм со 0-3 и стигна до нови важни три бода во борбата за врвот. Стрелци беа Баку, Нуса и Раум, а домаќините го запишаа 12 пораз сезонава и остануваат на дното.
На останатите натпревари Мајнц беше подобар од Волфсбург со 3-1, Хофенхајм славеше на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со 1-3, додека Баер Леверкузен минимално го совлада Вердер Бремен со 1-0.