Напаѓачот во
октомври минатата година падна на допинг тест откако по натпреварот со Аргентина
во квалификациите беше позитивен на кокаин, или поточно на метаболит кокаин бензоилекогнин.
Паоло Гереро во
прв момент доби суспензија од една година, но по поднесената желба казната беше
намелна на шест месеци и истече на 3. мај. Неговите адвокати поднесоа докази
дека тој паднал на допинг тест бидејќи конзумирал чај од лист од кока, кој има
голема примена во Перу и се продава во сите супермаркети.
И додека ФИФА
наиде на разбирање, Светската анти-допинг агенција не сакаше да му прогледа низ
прсти на играчот и достави жалба до Судот за спортска арбитража. ТАС вчера
донесе пресуда и реши да ја продолжи суспензијата на фудбалерот на 14 месеци.
Nuestro delantero Paolo Guerrero participa de la toma de fotos de protocolo para #Rusia2018 pic.twitter.com/Oyctn5AHKs
— Selección Peruana (@SeleccionPeru) May 14, 2018
Па ТАС и ВАДА не
само што му го срушија сонот на Паоло Гереро да настапи на првиот мундијал за
Перу по 36 години, тоа го сторија и на мошне суров начин.
Имено, одлуката
беше соопштена кратко откако Перо го објави списокот за мундијалот во Русија на
кој беше и името на напаѓачот. Паоло Гереро исто така се сликаше за промотивни
постери, а дури му беше земена и мерка за одело.
Medidas de vestimenta oficial de terno #Rusia2018pic.twitter.com/h2FyX2Uj1N
— Selección Peruana (@SeleccionPeru) May 14, 2018