Се сеќавате на Караско? Може да се врати во Европа и тоа во Серија А!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Рома во зимскиот преоден рок планира дополнително да го засили тимот, со цел да биде поконкурентна во клучната фаза од сезоната во Серија А, каде што примарна цел е пласман во Лигата на шампионите, но тука е и Лигата на Европа, каде „волчицата“ има амбиции да стигне до трофејот.

Според информациите на италијанскиот „Скај Спорт“, раководството на Рома ќе се обиде да го ангажира белгискиот крилен фудбалер Јаник Караско.

Неговиот сегашен клуб Ал Шабаб од Саудиска Арабија се соочува со финансиски проблеми и се обидува да го растовари буџетот, а со оглед на тоа што договорот на Караско истекува на крајот од сезоната, Рома сака да договори позајмица до јуни, при што би презела поголем дел од неговата плата.

Со своето богато искуство, Караско би можел значително да ѝ помогне на екипата предводена од Џанпјеро Гасперини.

Станува збор за фудбалер кој остави длабока трага во европскиот фудбал со настапите за Монако и Атлетико Мадрид, а за репрезентацијата на Белгија има 78 настапи и 11 погодоци. Караско е член на Ал Шабаб од 2023 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×