Се решава иднината на Игуаин, „Пипита“ ќе слушне што има да кажат Леонардо и Милан

by
1 минути читање

Се решава
иднината на „Пипита“, Гонзало Игуаин синоќа се врати во Италија за денеска
да се појави на тренинг со Јувентус, но не се очекува да остане во Торино
премногу.

Со напаѓачот на
„Чизмата“ пристигна и неговиот брат, кој воедно е и негов агент. Медиумите од
Италија пренесуваат дека Николас веќе имал средба со лидерите на „Старата Дама“
кои му потврдиле дека играчот повеќе не дел од плановите на Макс Алегри и
слободно може да си најде нов ангажман.

Милан е во пол
позиција, но пред двата клуба да седнат и да ги прецизираат сите деали, Гонзало
Игуаин треба да им каже ДА на „Росонерите“. Па затоа Николас вечерва или во
текот на утрешниот ден ќе има средба со новиот технички директор Леонардо.

Голгетерот сака
плата од 7.5 милиони евра, колку што и сега заработува во Јувентус, па Леонардо
нема да има лесна задача . Доколку двете страни си подадат рака, за очекување е
Милан и Јувентус да договорат позајмица вредна околу 20 милиони евра, и опција
за перманентен трансфер следното лето за додатни 35 милиони евра.

Се верува дека од
оваа зделка зависи и трампата помеѓу Бонучи и Калдара, која веројатно ќе биде
„глава за глава“ со можност Милан да доплати неколку милиони во бонуси а
„Бјанконерите“ да добијат опција да го вратат младиот дефанзивец
во иднина за одредена сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×