Се променија работите во Реал, Винисиус потпишува нов договор! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Винисиус е во центарот на вниманието во последниот период, не поради неговите игри на теренот туку поради неговото однесување кое потегна многу шпекулации за неговата иднина.

Се пишуваше дека Винисиус е на излезна врата од Реал Мадрид и клубот сака да го продаде, но денешното издание на „АС“ на насловна страна има една поинаква информација – Бразилецот потпишува нов договор.

Наводно двете страни постигнале согласност за нов договор кој наскоро ќе биде потпишан и официјално објавен.

Винисиус има одличен однос со тимот. Тој се извини по неговото лошо однесување на Ел Класико кога покажа незадоволство кога беше изваден од игра од страна на Чаби Алонсо.

Бразилецот е верен на Реал Мадрид и знае дека тоа е најдоброто место за него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×