Словачка ќе остане без еден од своите најважни играчи за октомвриските квалификации, откако Станислав Лоботка поради повреда мораше да ја напушти репрезентацијата.
Играчот од средниот ред на Наполи се повреди на натпреварот против Џенова во неделата, а лекарските прегледи покажаа проблем со тетивата кој ќе го оддалечи од терените најмалку три до четири недели.
Тоа значи дека Лоботка ќе ги пропушти натпреварите на Словачка против Северна Ирска и Луксембург на 10 и 13 октомври во рамки на квалификациите за Светското првенство 2026, но и неколку дуели на Наполи во Серија А.
Дополнителна грижа за италијанскиот шампион претставува и повредата на крилниот напаѓач Матео Политано, кој исто така е надвор од терените и ќе паузира извесен период.