150
Македонија денеска ги почнува подготовките за престојните два натпревари од Лигата на нации против Лихтенштајн и Ерменија.
А неизвесно е присуството на Иван Тричковски кој синоќа на дуелот меѓу АЕК Ларнака и Ермис излезе во 60. минута откако се здоби со истегнување на адукторот.
Тричковски утре ќе има испитувања по кои ќе се знае дали ќе може да биде дел од натпреварите против Лихтенштајн и Ерменија.
Останатите репрезентативци денеска во 19 часот го имаат првиот тренинг.