Се повреди и Лунин, Анчелоти против Валенсија ќе одбере 19 годишен голман?

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид се соочува со проблеми во пресрет на многу важен период од сезоната.

По мечот со Реал Сосиедад повреда заработи и вториот голман Андреј Лунин, а веќе десетина дена отсутен е Тибо Куртоа. Тоа е проблем за „кралевите“ пред дуелот в сабота со Валенсија, но далеку поважно и за мечот со Арсенал во вторник.

Голема е веројатноста дека дури и еден од двајцата голмани да се врати навреме, Карло Анчелоти да одбере да не ризикува нова повреда. Лунин и Куртоа би можеле да добијат поштеда дури и да ги залечат повредите.

Во тој случај меѓу стативите би застанал 19-годишникот Фран Гонзалез кој во моментов брани за Реал Кастиља, а во повеќе наврати беше на клупата и за првиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани