Се повреди едно од летните засилувања на Арсенал

by 24 фудбал
0 минути читање

Арсенал повторно се соочува со проблеми со повреди, а најнов удар за тимот е отсуството на Нони Мадуеке. Новото засилување на „топчиите“ ќе мора да паузира околу два месеци поради повреда на коленото.

Тоа значи дека Мадуеке ќе ги пропушти дуелите од Европа против Олимпијакос, Атлетико Мадрид и Славија Прага, како и натпреварите во Премиер лигата со Њукасл, Вест Хем и уште неколку тешки пресметки.

Доколку опоравувањето оди според план, англискиот репрезентативец би можел да се врати на терен токму за големото лондонско дерби со Тотнем кое е закажано за 23 ноември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×