Се појави спас за Валенсија и тоа е – Кристијано Роналдо!?

by Стефан
1 минути читање

Според последните информации од Шпанија, Кристијано Роналдо би можел да биде спасот за Валенсија.

„Фут Меркато“ најавува дека португалскиот ас започнал преговори за откуп на поголем дел од акциите на клубот во кој настапува македонскиот голман Столе Димитриевски.

Информациите на медиумите се дека сопственикот Питер Лим е расположен да преговара со Португалецот за продажба на поголемиот пакет акции, а освен тоа олеснителна околност може да биде што двајцата се пријатели.

Во текстот се наведува и дека можното купување на Валенсија од Португалецот се поклопува и со неговиот план да живее во Шпанија по завршувањето на кариерата. Роналдо во Шпанија помина девет години од 2009 до 2018 година додека го носеше дресот на Реал Мадрид.

Валенсија подолг период се соочува со финансиски проблеми и тие со доаѓањето на Роналдо би биле веројатно решени, но исто така сезонава и резултатите се под очекувањата. Култниот клуб се наоѓа во опасната зона и како што стојат работите до крајот на сезоната ги чека битка за опстанок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани