Се појави снимката поради која Мбапе може да биде суспендиран во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид во Лигата на шампионите го очекува двомечот против екипата на Арсенал, а во него „кралевите“ барем во првиот натпревар би можеле да бидат без услугите на Килијан Мбапе.

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како Мбапе се фаќа за меѓуножјето свртен кон навивачите на Атлетико Мадрид и во минатото УЕФА знаела да изрече санкции за ваквии гестови.

Поради тоа нема да биде чудно и ако сега Французинот биде казнет.

UEFA should ban Mbappe for 10 games pic.twitter.com/j7D4W6GN3O

— JEY🥇 (@Mmonkoaa) March 28, 2025

Покрај Мбапе под истрага се уште: Антонио Рудигер, Винисиус Жуниор и Дани Себаљос, сите поради славјето по натпреварот со „јорганџиите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани