337
Ждрепката за романскиот Куп, одржана пред два дена, предизвика вистинска бура на социјалните мрежи поради сомнителен момент при извлекувањето на топчињата.
На снимката што кружи јасно се гледа како човекот задолжен за извлекување едното топче речиси воопшто не го поместува, а на крај токму него го извлекува од садот.
Ова предизвика лавина од коментари кај навивачите, кои се убедени дека станува збор за наместена ждрепка и дека движењето на неговата рака никако не е случајно.