Се појави одлична можност: Тен Хаг се враќа на тренерската работа?

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, се најде на списокот потенцијални кандидати за клупата на Баер Леверкузен, пренесува „Атлетик“. Откако Чаби Алонсо официјално потврди дека ќе си замине од клубот по завршувањето на сезоната, Леверкузен активно работи на избор на нов предводник, а Тен Хаг е една од посериозните опции.

Иако е без ангажман од октомври, кога доби отказ на „Олд Трафорд“, холандскиот стратег не се откажува од својата амбиција да се врати на голема сцена. Покрај опцијата за преселба во Леверкузен, не ја исклучува ниту можноста за нов предизвик во Премиер лигата.

Баер разгледуваше и други решенија, меѓу нив и сегашниот тренер на италијански Комо, Сеск Фабрегас, но извори блиски до клубот сугерираат дека Шпанецот најверојатно ќе остане во Италија и следната сезона.

Инаку, Германија не е непозната дестинација за Тен Хаг кој во периодот од 2013 до 2015 година го водеше вториот тим на Баерн Минхен, во времето кога првата екипа ја предводеше Пеп Гвардиола, што го прави уште поатрактивен избор за „фармацевтите“.

Фото: Manchester United/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×