Се појави нова снимка: Тренерот на Галата прво го провоцира Мурињо, а потоа доби по носот ! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Жозе Мурињо сигурно ќе биде казнет за скандалозниот гест кој го направи кога за нос го фати тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, а новото видео кое излезе ја открива причината за несмасната реакција на Португалецот.

Откако заврши натпреварот, почнаа нови тензии на теренот, овојпат меѓу тренерите Окан Бурук и Жозе Мурињо.

Синоќа вирално стана видеото во кое Мурињо го фаќа Бурук по нос, а тој паѓа како покосен на теренот.

Денеска се појави снимка од која се гледа причината за реакцијата на Мурињо која никако не е оправдана.

Бурук со стисната тупаница ја славеше победата пред Мурињо, имаше и вербална провокација кон Португалецот кој очигледно не можеше да остане мирен, па го фати противникот за носот.

Се очекува Мурињо да добие суспензија од неколку натпревари, а дали провокацијата од Бурук ќе влијае да не добие голема санкција, останува да се види.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани