Се појави нова сцена од дербито: Навивач го плукнал Куртоа (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Иако поминаа два дена од дербито на градските ривали во осминафиналето од Лигата на шампионите реакциите во јавноста и понатаму не стивнуваат.

На свој терен Атлетико беше елиминиран по изведувањето на пенали, а најмногу се коментира пеналот на Алварез кој судиите го поништија.

Фановите на Атлетико секако беа незадоволни, а еден од оние врз кои го истурија беот беше голманот Тибо Куртоа.

На социјалните мрежи се појави ново видео од натпреварот на кое може да се види како навивач го плука белгискиот чувар на мрежата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани