242
Џејдон Санчо во изминатиот период се поврзуваше со Јувентус, но според последните информации за англискиот фудбалер сега се појавила друга опција во Италија.
Според информациите на Фабрицио Романо, екипата на Рома испратила понуда за услугите на Санчо вредна 20 милиони евра.
Наводно, Рома сака да го доведе Санчо на позајмица со обврска за откуп на крајот од сезоната за 23 милиони евра.
Изминатата сезона Санчо ја помина на позајмица во Челси, но не ги убеди „сините“ да го откупат неговиот договор.