Се подготвува третиот најголем трансфер на играч од екс-Југославија!

by riste
1 минути читање

Во текот на наредните денови би можел да се случи голем трансфер, еден од најголемите на играч кој доаѓа од југословенските простори.

Се работи за Бенјамин Шешко кој веќе ги договорил личните услови со Њукасл. Словенецот ќе се пресели во Премиер лигата.

Во тек се преговорите меѓу Њукасл и Лајпциг кои се очекува да завршат позитивно.

Се шпекулира дека актуелната понуда на Њукасл за Шешко изнесува 72 милиони евра, оваа сума би можела да стане и нешто поголема.

Очекувањата се дека ова ќе биде третиот најголем трансфер на фудбалер од екс-Ју државите.

Рекордот го држи Јошко Гвардиол кој за околу 100 милиони евра отиде во Манчестер Сити, втор е Душан Влаховиќ за кого Јувентус плати 85 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×