283
Според последните најави од Островот, англискиот гигант Челси се подготвува за голема чистка во своите редови, а клубот би можеле да го напушат од 17 фудбалери.
Медиумите најавуваат дека тренерот Енцо Маареска не смета на услугите на: Веига, Дисасија, Сар, Бадијаски, Анселмино, Чилвел, Гилкирст, Угучукву, Чуквумеке, Дјусбери-Хол, Паез, Стерлинг, Џексон, Нкунку, Броја, Гуи и Фофана.
Сите овие фудбалери можат да бараат нови клубови, а на нивните места треба да пристигнат нови имиња. Најголеми желби се Хато од Ајакс и Чави Симонс за средниот ред.
Ќе потсетиме Челси летово стигна до трофејот на Светското клупско првенство кое се одржа во САД.