Данскиот дефанзивец, Симон Кјаер донесе одлука да стави крај на кариерата на 35-годишна возраст.
Кјаер без клуб беше од 30 јуни кога го напушти Милан, а последниот натпревар го одигра во репрезентацијата на
Данска на 8 јуни против Норвешка.
Во текот на летото доби неколку понуди, но на крајот одлучи да се повлече.
„Сега е време да го заврашм овој дел од животот. Во своите мисли посакував да ја завршам кариерата во Милан. Знам дека вака далеку во мислите и со процесите во својата глава не можев да имам подобар крај“, изјави Кјаер.
Кјаер во кариерата го носеше дресот на екипите на Мјитиланд, Палермо, Волфсбург, Рома, Лил, Фенербахче, Севиља, Аталанта и Милан. За селекцијата на Данска на 132 натпревари постигна пет гола.