Поранешниот стопер на ПСЖ, Ливерпул и француската фудбалска репрезентација, Мамаду Сако (35), официјално стави крај на својата професионална кариера.
Фудбалерот одлуката ја соопшти на „Паркот на принцовите“, непосредно пред почетокот на вчерашниот натпревар од Купот на Франција меѓу ПСЖ и Париз, каде што ги направи првите фудбалски чекори.
„Сакам да им се заблагодарам на сите и официјално да го објавам моето повлекувње.. Благодарам, Парку. Благодарам, Париз. Без Париз немаше да дојдам до ПСЖ“, изјави Сако.
Неговиот фудбалски пат започна токму во Париз, од каде на само 12-годишна возраст се пресели во ПСЖ. На „Паркот на принцовите“ влезе во историјата како најмлад капитен во Лига 1, со 17 години и осум месеци, а токму во дресот на парижани го изгради своето име.
Од ПСЖ кариерата ја продолжи во Ливерпул, а настапуваше и за Кристал палас, Монпелје и грузискиот Торпедо. Во дресот на француската репрезентација забележа 29 настапи и постигна два гола.
A career end announced at your place, at the Parc!
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) January 12, 2026
Thanks for everything Mamad'! ❤️💙 pic.twitter.com/Rl3VEFxqhK