Се отвара простор за регистрација на Рашфорд, Барса доби 11 милиони за играч кој го продаде пред две години

by bojan
1 минути читање
Тринкао

Барселона во 5 до 12 може да го регистрира Маркус Рашфорд за првото коло во Ла Лига откако Спортинг Лисабон реши да плати 11 милиони евра за во целост да го купи Франсиско Тринкао.

„Каталонците“ и оваа сезона мака мачат да ги регистрираат новите засилувања, но се чини дека Ханси Флик сепак од првото коло на располагање ќе ги има Жоан Гарсија и Маркус Рашфорд.

Повредата на Марк андре тер Штеген отвори простор за да биде регистриран голманот, а сега во 5 до 12 се отвара и шанса за регистрација на Маркус Рашфорд.

Спортинг Лисабон попладнево соопшти дека е одлучено во целост да го купат Франсиско Тринкао.

Португалецот пред две години беше продаден на „лавовите“ за 7 милиони евра, но Барса задржа дури 50% од неговата сопственост.

Спортинг Лисабон не сака во иднина да ја дели сумата добиена од продажба на Франсиско Тринкао, па сега ќе искешира 11 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×