86
Општина Прилеп се огласи по повод ситуацијата со фудбалскиот клуб Победа кој се откажа од натпреварување во ВМФЛ.
Прилепчани се бесни и во шок, информацијата за откажувањето не беше добро прифатена од навивачите, а двете страни (клубот и општината) си ја префрлаа топката. Сега од Општина Прилеп објавија соопштение во кое нагласуваа дека парите од Победа се трошеле по обложувалници и казина.
Исто така, од општината објаснија за проблемите со исплатата на ветените еден милион денари кон клубот.