Се огласи Кински: Ова беше еден од најболните моменти во мојата кариера…

by Стефан
1 минути читање

По вчерашните натпревари во Лигата на шампионите денеска тема е младиот голман на Тотнем, Антонин Кински.

Игор Тудор се одлучи да почне со 22-годишниот чувар на мрежата меѓутоа го замени по само 16 минут игра и таа негова одлука предизвика бурни реакции.

Поддршка за младиот голман пристигна и од познати имиња од голманскиот свет. Меѓу оние кои јавно застанаа зад него се Џо Харт, Давид Де Хеа и легендарниот Питер Шмајхел, кои посочија дека вакви моменти се дел од кариерата на секој голман.

Преку социјалните мрежи за првпат за ситуацијата се огласи и чешкиот голман.

„Како голман сонувате за големи ноќи како оваа, но понекогаш фудбалот е сурова игра и одеднаш сè тргнува наопаку. Јас ја преземам одговорноста за моите грешки. Раното напуштање на играта е болно, а напуштањето на теренот беше еден од најболните моменти во мојата кариера. Но, исто така знам дека сето ова е дел од фудбалот. Паѓаш, но наоѓаш сила повторно да станеш. Благодарен сум им на моите соиграчи и навивачи кои продолжија да ме поддржуваат дури и во вакви моменти. Вашата поддршка ми значи повеќе од сè. Ви ветувам дека ќе продолжам да работам уште понапорно и дека ќе се вратам и ќе го докажам мојот квалитет“.

Младиот чувар на мрежата пристигна во Тотнем пред околу 14 месеци, кога лондонскиот клуб го доведе од Славија Прага во трансфер вреден 16,5 милиони евра. Оттогаш важи за еден од перспективните голмани во клубот, иако натпреварот во Мадрид сигурно ќе биде лекција што долго ќе ја памети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×