Браизлската ѕвезда Нејмар се очекува наскоро да го напушти саудискиот Ал Хилал, а веќе се најаувва и кој ќе биде неговиот нов клуб.
Се шпекулираше со враќање во Барселона, но директорот на каталонскиот гигант, Португалецот, Деко демантираше такво нешто.
„Нејмар во овој момент е многу далеку од од Барселона. Уште од неговото заминување во Саудиска Арабија сме запознаени со неговата пазарна вредност, посебно во услови на финанискиот фер-плеј“, изјави Деко.
Најави и каде Нејмар би можел да продолжи.
„Сигурно многу клубови во светот го посакуваат. Договор со него никогаш не е исклучен, но во овој момент го гледам во Бразил“, заклучи поранешниот португалски фудбалер со бразилско потекло.
Оваа изјава на Деко доаѓа и по информациите дека Нејмар е блиску до договор со славниот бразилски клуб Сантос.