340
Продолжува хаосот
во Калчото поради коронавирусот, откако синоќа беше одложен дуелот Јувентус-Милан,
денеска иста одлука е донесена и за пресметката помеѓу Наполи и Инер. За разлика од вчера, кога одлуката беше
донесена во 5 до 12, односно по пристигнувањето на експедицијата на
„росонерите“ во Торино, властите сега не направија ваков лапсус.
Што се однесува
за новите термини на реваншите, во моментов никој не знае кога ќе се играат.
Сите се во
исчекување на одлуката на Владата и дали ќе биде прифатен предлогот да бидат суспендирани сите
спортски настани во период од 30 дена.