Се одложува пензијата, Реал ќе му понуди нов договор на капитенот

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид е подготвен да му понуди нов договор на Лука Модриќ кој би бил валиден одново само на една сезона.

Иако постоеја најави дека можеби Хрватот ги игра последните месеци во Реал, поточно дека клубот е во дилема сепак се очекува да дојде до продолжување на договорот. Модриќ јасно им стави дознаење на сите дека Реал ќе му биде последен клуб во кариерата, а пензијата се очекува да биде одложена до 2026 година.

Оваа сезона Лука Модриќ не е стандарден првотимец, ама и покрај тоа забележа 44 настапи од кои 24 беа од клупата. Досега има четири погодоци и седум асистенции, па уште е меѓу лидерите на тимот на теренот и во соблекувалната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани