80
Двете страни
подолго време беа во преговори за продолжување на соработката и во еден период
се говореше дека разговорите тапкаат во место, па неколку клубови од
Премиерлигата тропнаа на вратата на Лоренцо Инсиње.
Сепак, 25
годишниот Италијанец на крајот пронајде заеднички јазик со Наполи и стави потпис
на нов договор со трајност до 2022.
„Многу сум среќен” – рече играчот на денешната прес
конференција. „Од дете сонувам што подолго време да останам во овој клуб и
овој град”.
„Горд сум што
ставив потпис на нов договор со Наполи”.
„Се надевам дека
никогаш нема да го соблечам овој дрес”.
„Сега целта е да
освојам трофеи со Наполи, бидејќи сите „Наполитанци“ заслужуваат ваква радост”.