Како што и се очекуваше, новата изјава на Игор Ангеловски доби одговор од ФФМ, овојпат свое мислење даде Николче Новески кој беше член на комисијата за избор на селектор.
Игор Ангеловски утринава повторно распука против ФФМ и Масер Омерагиќ одговарајќи на синоќешната изјава на претседателот.
Не помина долго, овојпат со изјава во одбрана на изборот за нов селектор излезе Новески.
„Мислам дека е времe за нови лица и создавање на нови стручни кадри во футбалот.
Секој треба да добие шанса, а времето ке покаже дали е оправдана довербата. Македонскиот фудбал и репрезентацијата не смеат да бидат заложници на поединец, особено не на човек кај кого личната суета и карактерот излегуваат во преден план.
Во ваков момент ни треба целосна поддршка за репрезентацијата, ангажираност и сплотеност од сите што ѝ мислат добро, а не обиди за самопромоција и поделби.
Репрезентацијата е над секое име и над секој поединечен интерес. Лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија”, вели Николче Новески.