„Старата Дама“
вчера го надигра Јунајтед среде Манчестер и со три бода си замине од Олд
Трафорд со кои креираше +5 на врвот во Групата Х и направи значаен исчекор кон
првото место.
Пол Сколс, кој е
еден од најголемите критичари на Жозе Мурињо и она што се случува со „Црвените
ѓаволи“, вели дека шампионот на Италија е класа подобар и подготвен за триумф
во Лигата на шампионите.
„Јувентус беше за
класа подобар, како технички така и тактички. Едноставно беше скалило погоре во
однос на Манчестер јунајтед. Она што е тажно е тоа што сите како да го
прифаќаат ова, не само играчите туку и фановите“ – вели легендата на
најтрофејниот клуб во Англија.
„Кога ќе го
погледнете Јуве, тие делуваат како тим кој е способен да ја освои Лигата на
шампионите, од друга страна пак Манчестер јунајтед мора да забележи голем напредок
за да ја намали разликата во квалитет“.
И покрај тоа што
не е фан на „Специјалниот“, Пол Сколс сепак смета дека Манчестер јунајтед не
треба да се раздели со Португалецот и треба да му даде уште време да ги промени
работите.