Се е во ред со проблематичното десно стапало, ПСЖ го носи Нејмар во Кина

by
1 минути читање

ПСЖ попладнево го
објави списокот со играчи кои ќе патуваат во Кина каде од 23. јули до 4. август
ќе бидат одиграни два контролни меча како и дуелот против Рен во Суперкупот на
Франција.

Дел од турнејата
ќе биде и Нејмар, кој изрази желба да замине од Париз ова лето. Покрај тоа што
го смести Бразилецот во составот, ПСЖ соопшти и детали за здравствената
состојба на играчот.

Тестовите кои
биле направени на проблематичното десно стапало и фрактурата на петата
метатарзална коска која ја заработи по втор пат во јануари 2019, покажале
комплетно нормален прогрес и многу добро подобрување.

Што се однесува
до дисторзијата на десниот скочен зглоб, заработена на подготовките со Бразил
за Копа Америка, и оваа повреда е речиси санирана па тој се очекува комплетно
да се опорави во следните денови и да почне да тренира со тимот во Кина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×