Сè е во рацете на Ла Лига: Барселона активира „план Б“ за регистрација на Олмо!

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона не може да го регистрира Дани Олмо поради финансискиот крах кој се случи во последните неколку години.

Клубот не успеа да отвори место во буџетот, а потоа се обиде двапати преку Судот преку жалба да добие дозвола за регистрација. Сепак, откако и тоа беше одбиено каталонскиот тим се најде во незавидна ситуација.

Барселона испрати и уште испраќа документи за продажба на ВИП седишта кон Ла Лигата. Со тоа се надеваат дека челниците ќе прифатат дополнителни приходи и ќе ги депонираат договорите на Дани Олмо и Пау Виктор.

Рокот на Барселона ѝ истекува вечерва на полноќ, а доколку Олмо не биде регистриран ќе има слобода да одлучува за својата иднина и да замине доколку има подобра понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани