97
Италијанските
медиуми пренесуваат за големиот интерес на фановите на калчолигашот Милан, за
првиот официјален тренинг во пресрет на новата сезона.
Дури 4.000 фанови
на тимот од Милано се собраа во спортскиот клупски центар на Милан и имаа воедно
имаа можност да ги поздрават и новите засилувања во нивниот омилен тим (Мусакио,
Кеси, Родригез, Борини и Чалханоглу).
На прес-конференцијата
за медиумите пред стартот на тренингот, шефот на стручниот штаб на Милан, Виченцо
Монтела истакна дека цел на клубот за претстојната сезона е пласман во Лигата
на шампионите.
Фото-вест:
acmilan.com