Се ближи целосен договор на Сити за трансфер на премиерлигашкиот хит!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ангажман на офанзивецот на Борнмут, Антоан Семењо.

Според „Би-Би-Си“, англискиот шампион е во завршна фаза од преговорите со фудбалерот од Гана, кој во договорот има откупна клаузула од 72 милиони евра плус бонуси, валидна до 10 јануари.

На „Етихад“ се свесни дека по овој рок трансферот ќе биде значително потежок, па настојуваат брзо да ја завршат зделката.

Интерес за Семењо покажува и Ливерпул, но Манчестер Сити моментално е во предност. Офанзивецот оваа сезона има осум голови и три асистенции во Премиер лигата и би претставувал значително засилување во трката за титулата. За Борнмут ова би бил рекорден трансфер, поголем од продажбата на Доминик Соланке во Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×