Јувентус и официјално објави дека голманот Војчех Шчесни стави потпис на нов договор со клубот со кој се обврза на верност со истиот до јуни 2024. година.
Полскиот интернационалец во редовите на италијанскиот првак настапува од 2017. година па наваму, по трансферот од Арсенал, најпрво беше втора опција по Џанлуиџи Буфон, за потоа да биде и прва.
Од Јувентус велат дека потписот на 29 годишниот голман бил во целост заслужен.
„Прекрасната соработка помеѓу Шчесни и Јувентус ќе продолжи и до 2024. година, а нема никакви дилеми во тоа дека ова е сосема заслужен договор“ стои во соопштението објавено на официјалниот клупски сајт на тимот од Торино.
Шчесни сезонава одигра 16 натпревари во „Серија А“, а на шест од нив го сочува својот гол.