Шчесни: Алисон и Буфон на клупа, а јас бранам, логично е дека јас сум најдобриот голман во светот

by
1 минути читање

Голманот на
италијанскиот првак Јувентус, Војчех Шчесни се промовираше себе си во најдобар
голман во светот, тоа го издвои за време на интернационалната пауза и
репрезентативните обврски кон Полска, секако, Шчесни тоа го изјави на шега.

Кога бев во Рома,
имав предност во однос на Алисон, најдобриот голман во светот на клупата. Сега,
во Јувентус, во иста ситуација е Буфон, еден од најдобрите голмани во
историјата на фудбалот. Така, единственото логично објаснување за тоа е дека
веројатно сум најдобриот голман во историјата на фудбалот
“ се пошегува Шчесни.

Полскиот голман беше
стартер во секој клуб каде настапуваше откако застана на голот на Арсенал во
2011. година, во моментите кога Леман го напушти клубот. Тој беше за момент
изоставен во сезоната 2016/17, кога на сцена настапи Алисон, по што се пресели
во Јувентус заменувајќи го Буфон кој тогаш замина во ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×